
Зубименди потпиша за Арсенал
Арсенал обезбеди уште еден многу значаен потпис за наредната сезона откако „топчиите“ го комплетираа трансферот на Мартин Зубименди од редовите на Реал Сосиедад.
Микел Артета беше во потрага по стабилен играч за врска каков што е Родри во Манчестер Сити, а управата му ја исполни желбата доведувајќи го неговиот сонародник. Зубименди минатото лето беше на чекор до Ливерпул, но во последен момент се премисли и потпиша нов договор со Реал Сосиедад. Овојпат тоа не беше случај, 26-годишниот фудбалер одлучи дека му е вистински момент за преселба во Премиер-лигата и потпиша петгодишен договор со лондонскиот клуб.
Како што беше претходно договорено, Арсенал ќе плати 60 милиони фунти за потписот на Шпанецот, кој би требало да биде стандарден во првиот тим на „топчиите“.
„Ова е голем момент во мојата кариера, трансфер што многу сакав да се реализира, така што денеска сум пресреќен. Веднаш се гледа колку голем клуб е Арсенал, мислам дека стилот на игра целосно ќе ми одговара“, изјави Зубименди по потписот на договорот.
Извор: ekipa.mk
