Мексико е земја со најмногу бездомни кучиња во Латинска Америка
Мексико е земја со најголем број бездомни кучиња во Латинска Америка, но истовремено и со највисока стапка на сопственост на миленици, покажуваат официјалните податоци.
Според државната статистика, речиси седум од десет домаќинства чуваат животни.
Истражување од 2022 година на Националниот институт за статистика и географија (INEGI) открива дека 69,8 % од домаќинствата чуваат миленици, вклучувајќи 43,8 милиони кучиња, кои сочинуваат 54,7 % од вкупниот број миленици.
Извор: АА