Израелската армија тврди дека пресретнала ракета истрелана од Јемен
Израелската армија тврди дека пресретнала ракета лансирана рано утрово од Јемен по сирените за воздушен напад што се огласија во повеќе области низ целата земја.
Според соопштението на армијата, пресретнувањето се случило рано утрово, но не е наведено кои области биле цел или дали е предизвикана некаква штета.
Нема непосреден коментар од Хусите за израелските тврдења.
Хусите ги интензивираа нападите со ракети и дронови врз Израел откако израелската војска ги продолжи нападите врз Газа во март, по два месеци нестабилен прекин на огнот.
Од ноември 2023 година, Хусите, исто така, целеа и комерцијални бродови во Црвеното Море, Аденскиот Залив и Арапското Море во знак на поддршка на Палестинците во Газа, каде што во израелските напади досега се убиени повеќе од 57.300 лица.