
Хрватска од 1 јануари 2026 година повторно ќе воведе задолжителен воен рок
Со најавените измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, Хрватска од 1 јануари 2026 година повторно ќе воведе задолжителен воен рок, по пауза од речиси две децении. Предлогот, поднесен од Владата на премиерот Андреј Пленковиќ, веќе е во процедура пред хрватскиот парламент.
„Од 2008 година, воениот рок беше суспендиран. Сега, со внимателно прилагодена основна воена обука, сакаме да овозможиме на младите генерации да стекнат вештини кои недостигаа цели 17–18 генерации. Ова ќе ја засили и оперативната подготвеност на Хрватската војска“, изјави Пленковиќ.