Голем интерес за мерките од оперативниот план: Над 7 илјади граѓани аплицирале за самовработување
Постои голем интерес кај граѓаните кои сакаат да се користат мерките од оперативниот план за подобрување на економијата. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во интервју за VOXAL, изјави дека оперативниот план со рекордниот износ од над 40 милиони евра докажува дека е моќен инструмент за поттикнување на вработувањето и претставува одговор на реалните потреби на граѓаните да се вклучат на пазарот на трудот, да го подобрат пазарот на работа и истовремено да ја стабилизираат економијата.
За мерките за самовработување се пријавиле над 7000 граѓани кои аплицираат за една од предвидените придобивки за млади до и над 29 години.
Но, министерот потенцираше дека најновата активна мерка е онаа за создавање нови работни места, каде што се предвидуваат неповратни средства до 750.000 денари.
„Најновата мерка која е активна, а беше објавена пред неколку дена, е мерката за создавање работни места преку зелени инвестиции. Неповратни средства ќе добијат оние лица кои ќе се вработат во микро, мали и средни компании до 750.000 денари, кои ќе ги искористат овие средства за купување софтвер, лиценци, машини, различна опрема и слично“, нагласи Дурмиши.
https://www.facebook.com/watch/?v=1113555780988857&t=0