Дурмиши: Билал Касами ќе победи во Тетово
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, вели дека граѓаните на Тетово, но и Албанците надвор од него, се убедени дека актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами, ќе биде реизбран за уште еден мандат. Во интервју за VOXAL, тој изјави дека Касами во текот на целиот мандат бил на терен и ја заслужува повторната поддршка.
„Секојдневно градоначалникот Касами беше на терен, секој проект го реализираше и за четири години мандат реализираше многу повеќе од тоа што го вети на почетокот. Направи многу повеќе работа и ќе видите на изборите дека граѓаните повторно ќе му дадат поддршка за да раководи и во следните четири години“, изјави Дурмиши. /VOXAL/
Видео:
https://www.facebook.com/watch/?v=1113555780988857&t=0