Дурмиши за VOXAL: Локалните избори се референдум за ДУИ, тие се на работ на распаѓање
Опозицијата е на работ на распаѓање и со право ги третира локалните избори како референдум за неа, вели министерот за економија Бесар Дурмиши во интервју за VOXAL. Тој истакна дека ДУИ, по 20 години централна и локална власт, се однесува како да се срушил светот сега кога е во опозиција.
„Со една работа се согласувам со опозицијата: да, овие избори се референдум за нив. Тие се на работ на распаѓање. Гледате како ги третираат изборите. Првпат се во опозиција и се однесуваат како да се срушил светот. Ги третираат како да се референдум, а реалноста е дека 20 години ја имаа и централната и локалната власт и ги оставија албанските населени места без вода, без патишта, без канализација и без инфраструктура“, изјави министерот Дурмиши.
Тој додаде дека ВЛЕН на овие избори нуди понуда за развој на општините и не ги третира како борба за политички опстанок.
„За нас битката на овие избори не е политичкиот опстанок, туку развојот на општините. Имаме најдобри кандидати за градоначалници и, покрај платформата и програмата што ја нудиме, имавме градоначалници кои управуваа со албанските општини и се докажани“, нагласи Дурмиши. /VOXAL/