
Дурмиши за владеењето на ВЛЕН: Можеше повеќе, но направивме повеќе од ДУИ за 20 години
„За само една година владеење направивме повеќе работа отколку што ДУИ направи за 20 години“, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, зборувајќи за првата година од владеењето на ВЛЕН, во интервју за VOXAL.
„За една година донесовме закон за средното училиште ‘Иса Бег’, со што ова средно училиште од септември ќе биде институционално признаено, а на сите млади што ќе учат таму ќе им бидат признаени дипломите. Донесовме и закон за правична и соодветна застапеност, а уште едно достигнување е тоа што го споменав, управувањето со оперативниот план, кој беше опиплива мерка за сите граѓани“, рече Дурмиши.
Тој додаде дека сепак има уште работа што треба да се направи.
„Дали има уште работа што треба да се заврши? Нормално дека има. За целото уништување што тие го направија за 20 години, невозможно е ние да го поправиме за една година“, истакна Дурмиши.
Тој ја обвини поранешната Влада за многу наследени проблеми со кои граѓаните сè уште се соочуваат.
„Направивме и многу други работи, како што споменав – секоја година ќе издвојуваме по 250 милиони евра за општините, што ќе биде во интерес на сите граѓани. А многу, многу други работи кои требаше одамна да бидат реализирани, а не да дојдеме во фаза каде што треба да зборуваме за развој на економијата и за нови работни места, а ние сè уште имаме фундаментални проблеми, проблеми од средниот век, кои поради 20-годишното лошо владеење ги наследивме и сега мора да ги решаваме“, рече Дурмиши. VOXAL/
Видео:
https://www.facebook.com/watch/?v=1113555780988857&t=0
