
Дани Карвахал е новиот капитен на Реал Мадрид
Дани Карвахал е новиот капитен на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид.
Дефанзивецот ја наследува лентата од Лука Модриќ. Пред да се повреди, Карвахал беше втор избор по Хрватот.
Во групата на капитени се и Федерико Валверде, Тибо Куртоа и Винисиус Жуниор.
Одлуката е донесена во соработка со новиот главен тренер Чаби Алонсо, кој ќе се потпира на овие играчи да бидат лидери во соблекувалната во текот на неговата прва сезона во клубот.
Потсетување дека Модриќ одлучи да ја продолжи кариерата во Милан.