
Челзи стана светски шампион со убедлива победа против ПСЖ
Челзи стана светски шампион откако го победи ПСЖ со убедливи 3:0 во финалето на Клупското светско првенство, во меч во кој „сините“ блеснаа со доминантна игра.
Од почеток до крај на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, тимот на Енцо Мареска беше беспрекорен. ПСЖ, кој во мај триумфираше во Лигата на шампионите, беше убедливо победен прегазен Челзи.
Два прекрасни, речиси идентични гола, изведени со леснотија, и една меко изведена асистенција од Кол Палмер, го однесоа Челзи до трофејот на проширеното Клупско светско првенство. Палмер со својата лежерно неверојатна партија во финалето се издигна на големата сцена. За Челзи ова е втора титула на Светското клупско првенство, кое оваа година прв пат во историјата се одржа во нов формат и учество на рекордни 32 екипи. Дебитантскиот трофеј Челзи го освои во 2021 година кога во финалето го совлада бразилски Палмеирас.