Бетис се договори со Манчестер Јунајтед за трансферот на Ентони
Шпанскиот прволигаш Бетис направи значителен чекор напред во преговорите со Манчестер Јунајтед и, според „Телеграф“, веќе има постигнато принципиелен договор за трансферот на Бразилецот Ентони назад во тимот од Севиља.
Клубот од Ла Лига работи на комплетирање на договорот со 25-годишниот офанзивец, кој првично настапуваше како позајмен играч, но престојот сега треба да стане постојан.
Ентони запиша девет погодоци и пет асистенции на 26 натпревари откако во јануари пристигна во Бетис, а одигра клучна улога и во пласманот на клубот во финалето од Лигата на конференции.
И самиот Бразилец е нестрплив повторно да го облече зелено-белиот дрес и целосно да се врати во редовите на Бетис.
Велика Британија официјално ќе признае палестинска држава во текот на викендот, по завршувањето на посетата на земјата од страна на
Словенија ѝ испрати на Хрватска официјален предлог за изградба на нова заедничка нуклеарна централа, Кршко 2, а предлогот е далеку
Од 1 декември, учеството за станбен кредит за оние граѓани кои Од 1 декември, учеството за станбен кредит за оние