Елмас: Ние секогаш играме да победиме
Македонскиот фудбалски тим вечерва успеа да оствари убедлива победа од 5:0 против Лихтенштајн. Со новите три бодови, избраниците на Благоја Милевски сега се на чело на табелата. На овој дуел сите пет голови ги постигнаа пет различни играчи.
„Среќен сум за победата. Најважно е што ги освоивме бодовите на овој натпревар и заслужено победивме со 5:0. Ние секогаш кога играме, играме да победиме и со тоа да го оствариме нашиот сон. Сакам да играме на Европско првенство, на Светско првенство, да напредуваме и да бидеме идоли на некои нови млади деца и да бидеме поттик за нив“, изјави стрелецот на првиот гол на денешниот дуел Ељиф Елмас.
Следен противник на „црвено-жолтите“ е Белгија на 10.октомври на гостински терен.