Германски клуб се откажа од трансфер на израелски фудбалер
Германскиот клуб Фортуна Дизелдорф објави дека се откажал од планот во своите редови да го донесе израелскиот фудбалер Шон Вајсман.
Во соопштението што го објави клубот се вели:
„Детално го испитавме Шон Вајсман, но на крајот одлучивме да не го внесеме во нашите редови.“
Израелскиот весник „Хаарец“ ја коментираше одлуката за откажување на трансферот, наведувајќи:
„Германскиот клуб го откажа трансферот на израелскиот напаѓач поради неговите анти-Газа објави на социјалните мрежи. Фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдорф објави дека нема да потпише договор со напаѓачот на израелската репрезентација Шон Вајсман по реакцијата на навивачите само неколку часа откако се појави веста за трансферот.“
Се очекуваше израелскиот репрезентативец Шон Вајсман вчера од шпанскиот тим Гранада да премине во германскиот клуб Фортуна Дизелдорф.
Извор: АА