Беќири: Мора да го прикажеме најдоброто од нас
Фудбалерите на Шкендија ги очекува нов предизвик, а тие се надеваат на продолжување на успешните настапи во квалификациите од Лигата на шампионите. По елиминирањето на ТНС (Велс) и ФЦБС (Романија), за македонскиот првак во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите следува дуелот со Карабах, првакот на Азербејџан.
„Мора да го прикажеме најдоброто од нас, без разлика на противникот. Карабах е квалитетна екипа, која има единасесет титули шампион на Азербејџан во дванаесет години. Знам само дека нема да реши првиот натпревар, туку по реваншот во Баку ќе се знае подобриот. Карабах е дисциплинирана екипа. Секоја победа е важна за македонскиот фудбал. Јас се радувам на победите на сите екипи, затоа што не смееме по ниту една цена да паднеме под 50-тото место на УЕФА ранкингот. Од срце навивам, за мене не е важно која екипа има резултати. Важно е нашиот фудбал да се подигне на високо ниво. Тоа ни носи бенефит на сите, не само на Шкендија, туку на сите клубови“, изјави Јетон Беќири тренерот на Шкендија.
Натпреварот Шкендија – Карабах се игра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот.