
Фидан се сретна со своите колеги од балканските земји во Истанбул
Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, денес се сретна со министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, кои престојуваат во Истанбул во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Балканската мировна платформа.
Министерството за надворешни работи на Турција на својот профил на социјалната мрежа X објави дека министерот Фидан одржал одделни состаноци со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ и црногорскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ во Истанбул во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Балканската мировна платформа.
На средбата меѓу министерот Муцунски и неговиот турски колега Фидан се разговарало за унапредување на билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности.
Соговорниците се осврнале и на продлабочување на соработката во други области кои се од взаемен интерес.
Двајцата министри го потврдиле силното пријателство меѓу двете држави, тесната соработка во рамките на НАТО, како и заемната поддршка во мултилатералните организации. Разговорите опфатија и актуелни регионални и геополитички прашања, со акцент на важноста од стабилен и просперитетен Балкан.
Во Истанбул се одржува првиот состанок на Балканската мировна платформа, воспоставен под водство на Турција, со учество на неколку балкански земји.
Платформата има за цел да го зголеми дијалогот, меѓусебната доверба и соработката меѓу земјите од регионот и да развие трајни решенија за регионалните прашања.
Извор: АА