
Потпишан договор за грант со ЕБОР за старт на втората фаза од Регионалниот проект за управување со цврст отпад
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша договор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во вредност од 2 милиона евра, со кој започнува подготовката на втората фаза од Регионалниот проект за управување со цврст отпад во Северна Македонија.
Овие 2 милиони евра грант средства за техничка поддршка, обезбедени преку Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (WBIF) се наменети за спроведување на физибилити студии и анализи за животната средина и социјални аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион, како предуслов за изградба на современи санитарни депонии, претоварни станици и опрема за управување со отпад во регионот, според највисоките стандарди на ЕУ.
На настанот присуствуваа првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, и помошник Директор , Банкар , Билјана Милошеска од