Во израелски напади во Газа убиени 17 Палестинци
Најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и деца, се убиени денес во серија израелски воздушни напади низ Појасот Газа, според медицински извори и локални извештаи.
Најмалку 10 лица се убиени, а повеќемина се повредени кога израелски воени авиони погодија куќа во населбата Шеик Радван во северниот дел на градот Газа.
Локални извори изјавија дека неколку лица сѐ уште се заробени под урнатините.
Во друг напад врз населбата Ал-Туфах убиени се четири члена на семејство кога нивниот дом е бомбардиран. Здравствените работници, исто така, пријавија повеќе повредени на местото на настанот.
Во меѓувреме, напад со дрон ги таргетираше шаторите во кои се засолнети раселени семејства во Ал-Маваси, во западниот дел на Кан Јунис, при што животот го загубија три лица, а неколкумина се повредени.
И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, Израел спроведува геноцидна војна врз Газа, убивајќи над 57.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година.
Меѓународниот кривичен суд минатиот ноември издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени дејства во енклавата.